ММС

Објавено на: 08/6/21 7:27 AM

Џафери денеска ќе ги распише локалните избори

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска треба да ги распише локалните избори, кои ќе се одржат на 17 октомври годинава.

Иако кампањата почнува три недели пред денот на изборите, партиите веќе се активни на терен и најавуваат изборни коалиции и комбинаторики. Дел од партиите веќе излегоа со свои кандидати и најавија соработки за претстојните локални избори.

СДСМ ќе коалицира со ДУИ, БЕСА и ДПА. Најавија дека меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадат уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржат во вториот круг. Од СДСМ велат дека тие се фаворити во сите градови, а тоа го потврдувале и анкетите.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе излезе со комплетно нови кандидати за локалните избори, кои, како што нагласија, се многу поразлични и имаат што да понудат и поради тоа ќе бидат победници. Сите кандидати конечно ќе бидат објавени во септември.

Останува неизвесно дали изборниот процес ќе биде по нови правила за изборниот праг на независните кандидати, кои веќе се влезени во собраниска процедура.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1