ММС

Објавено на: 08/5/21 9:40 PM

Израелскиот министер за одбрана: Подготвени сме да го нападнеме Иран

Израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, тврди дека Техеран претставува закана за својата земја, за Средниот Исток, како и за светот, и рече дека се подготвени да го нападнат Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ганц во изјава за весникот „Једиот ахронот“ (Yediot Ahronot) се осврна на зголемените тензии во последните денови помеѓу Тел Авив и Техеран.

Алудирајќи на нападот на 29 јули во чии рамки беше погоден брод на израелска компанија, Ганц нагласи: „Иран е регионален и меѓународен проблем. Во петокот, светот беше сведок на ваков пример. Тоа може да му се случи на секого.“

На прашањето дали Израел е подготвен да го погоди Иран, Ганц одговори потврдно.

Тој тврди дека новоизбраниот претседател на Иран, Ибрахим Реиси, може да ја доведе администрацијата на Техеран на уште поекстремистички регионални и безбедносни политики.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1