ММС

Објавено на: 08/5/21 5:02 PM

„Safety first“, животот не се враќа, куќите ќе се направат со помош на државата, дрвјата ќе пораснат, рече Стојанче Ангеловски, директорот на ЦУК

„Safety first“, односно „безбедноста на прво место, рече директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов пред малку на средбата со новинарите. Ова тој го кажа заради тоа што пожарите се многубројни, на повеќе локации и покрај ѓума, горат и домовите на граѓаните, кои не сакаат да се оделат од нив и одбиваат да бидат евакуирани. Затоа, рече ангеловски,  многу е поважно да се спаси човечкиот живот.

-Сакам да изразам сочувство на човекот што вчера ја загуби сопругата во кумановско. Тажно е за загубата на животот.  Куќите со помош ќе ги направиме, но колку буки, колку дрвја вреди еден човечки живот. Затоа да се фокусираме на животот на лугето. Пак ќе повторам нов дом ќе се направи, ве уверувам дека државата ќе помогне за нов дом, но животот нем да се врати. Затоа апелирам до сите, бидејќи пожарот се шири со чудни моменти. Затоа ќе упатам апел до сите, и до тие што пожрот им се чини далеку – бегајте ,евакуирајте се, човекиот живот е бесценет, ррече Ангелов и додаде:

-Ке одговорам за хелихоптерите во кои сите гледаат спас. Хелихоптерите имаат лимит, не само нашите хелохоптери, туку сите. Во Европа не постои хелихоптер кој гасне ноќно време. Проверете да не шириме незадоволство и гнев кај граганите, На хелихоптерите не можеме да сметаме откако ќе се стемни. Нив ги возат луге и животите на тие луѓе нам ни се многу важни. Над 37 степени не е безбедно за летање со хелихоптер. Гаснењето на пожар го прават некаде на 5 местри, некаде над 10 а тоа значи дека се како на ражен и мораме да се грижиме за пилотите. Затоа преземаме се и нема потреба од паника. Српските хелихоптери можат да летаат на малку повисока температура, но тие носат помалку вода. Нашите носат два тона, а тие носат тон ипол. Разни „стручни“ лица делеа памет, ширеа недоверба. Нема потреба од тоа. Ние размислуваме во касарната во Штип и Куманово да однесеме цистерни гориво за да не се враќаат, поблиску да се точи керозинот, или како и да се вика, но тоа содржи одредени ризици. Затоа треба да направиме анализ.  Самиот процес на точење гориво е ризичен, рече Ангеловски.

Тој уште еднаш повтори „ѕafety first“, односно дека безбедноста е на прво место и дека најмногу ќе се работи за спас на човечки животи, а потоа материјалното.

-Нам ни се драги и дрвјата, но тие ќе пораснат за 50 години, животот е поважен, изјави Ангеловски, мислејќи на граѓаните кои од местата каде што се зафатени пожарите не сакале да се одвојат од куќите, кои цел живот ги граделе.

„Гори Турција, Хратска, Албанија, Грција, па и Бугарија. Ние даваме максимум. Затоа апелирам до граганите да бидат максимално внимателни, бидејќи е  доволна мала искра. Еден отпушок од цигара може да убие човек, а има сомнеж и дека пожарите намерно се подметнувани.  МВР испитува бидејки необјасниви се некои пожари, рече на крајот тој.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1