ММС

Објавено на: 08/5/21 4:29 PM

(ВИДЕО) Пристигна помошта од Словенија за гаснење на пожарите во Пехчево

Очекуваната помош од Словенија, која пред два дена ја најави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, после разгововорот со словенечкиот министер за одбрана, Матеј Тонин, пристигна во подрачјата во земјата зафатени со огнените стихии.

Со своите капацитети, теренски возила и камиони за гаснење на пожари, Словенците се упатија кон пехчевскиот регион, каде што пожарот сè уште е активен.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1