ММС

Објавено на: 08/5/21 2:16 PM

Хоспитализирани 105 заразени со корона во државава

Вкупно 105 заболени од ковид-19 се хоспитализирани во Скопје и во другите градови – пренесе новинската агенција МИА.

Според податоците од Министерството за здравство, најголем број хоспитализирани има во Клиничката болница во Тетово – 32, а потоа следат Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје – 20, Општата болница во Гостивар – 20 и Општата болница во Куманово – 10.

Во болницата во Струмица има седум пациенти со Ковид-19, во болницата во Прилеп шест, во Битола и Штип по четири пациенти, и по еден во болниците во Велес и во Струга.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1