ММС

Објавено на: 08/5/21 2:09 PM

Пеколните горештини завршија, доаѓа невреме со дожд, ветер, грмежи и град

УХМР најави дека попладне ќе продолжи да дува умерен до силен ветер, повремено и со брзина од над 70 км/час.

-Од крајот на денов, преку ноќта и утре претежно претпладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и на местата со поројни врнежи  засилен ветер од променлив правец. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења и појава на град, информираат од ИХМР.

Утре и во сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени а ќе продолжи и силниот ветер.  Од УХМР во случај на појава на електрични празнења препорачуваат поголема внимателност, односно да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1