ММС

Објавено на: 08/5/21 1:41 PM

Во делчевско горат куќи – Се евакуира населението

Во пожарот што го зафати делчевскиот крај, дел од куќите во Балабанско маало се изгорени, а зафатени се и куќи во Курјачко маало. Се евакуираат жителите и покуќнината.

Според изјави на жителите, не може да се влезе во маалото бидејќи тоа е целото зафатено од пожарот.

Пожарот се гасне теренски, а вклучен е и еден хеликоптер кој интервенира во делот меѓу Балабанско маало, Курјачко маало и Тработивиште.

Во моментот дува силен ветер кој го отежнува гаснењето на пожарот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1