ММС

Објавено на: 08/5/21 12:46 PM

Мусака на несекојдневен начин – Наместо тиквички и компири, ставете печурки

Сите сме навикнати на стандардна мусака со компири или тиквички. Сепак, може да биде подеднакво вкусно ако ja подготвите и со печурки.

Рецептот е едноставен, а предноста е што се подготвува многу побрзо од стандардната мусака.

Состојки:

500 гр печурки

2 главици кромид

100 гр исушена сланина

2 лажички масло

2 чешниња лук

10 тенки парчиња леб

250 мл млеко

200 мл павлака

3 јајца

зачини по желба: сол, бибер, вегета, магдонос

Подготовка:

Исчистете ги печурките и исечете ги на мали парчиња, а исто и сланината, лукот и кромидот на мали парчиња.

На загреано масло пржете кромид и сланина, па додадете печурки. Динстајте се заедно и додадете зачини и лук.

Во сад за печење, ставете парчиња леб претходно натопени во млеко еден до друго, и распоредете половина од количината на подготвени печурки врз лебот, а потоа повторно ставете ред натопен леб.

Наредете ги преостанатите печурки на последниот ред леб и прелијте со мешавина од кисела павлака и јајца.

Печете ја мусаката во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Извор: Магазин.новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1