ММС

Објавено на: 08/5/21 10:13 AM

Додека сите беа дома, некој скришно оперирал – Младо момче од Гевгелија среде пандемија успеал да украде два автомобили

Млад гевгеличанец за време на рестриктивните мерки поради пандемијата успеал да украде два автомобила, информираат од полицијата.

-ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(19) од с.Јосифово, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“ и едно кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот, во периодот од 05.06. до 15.06..2021, противправно одзел патничко возило „киа“, сопственост на фирма од Гевгелија и патничко возило „ауди а6“, сопственост на лице од Гевгелија. По преземени мерки, возилата биле пронајдени и вратени на сопствениците. Пријавениот, исто така, на 15.06.2021 околу 02.00 часот постапил и спротивно на забраната за движење на возила и лица поради прогласена пандемија на ковид-19, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1