ММС

Објавено на: 08/5/21 9:31 AM

Родила четири бебиња за 11 месеци! Жена била бремена двапати за време на пандемија

За време на пандемијата на корона вирус, едно семејство во Англија се зголеми за четири члена.

Џесика Причард (31) беше двапати бремена за време на пандемијата – прв пат ја добила ќерката Мија, а потоа дозна дека очекува тројка.

– Беа тоа вртоглави 12 месеци, имав дете за време на рестриктивните мерки, а потоа уште три бебиња – изјави Причард, кој работи во локалното основно училиште.

Иако вели дека претходните 12 месеци биле исцрпувачки за неа и за нејзиниот сопруг Хари (34), таа посочува дека тие се „среќни и благословени“ со детската радост.

Додека била на породилно отсуство, откако Мија се роди во мај 2020 година, Џесика во октомври дознала дека е бремена и кратко потоа дека очекува тројка.

– На ултразвук ми рекоа дека ќе родам близнаци и тоа доста ме шокираше. Тогаш докторот продолжи да гледа и ми рече дека всушност носам три бебиња. Се прашував како е тоа можно и едвај чекав да се вратам дома за да му кажам на мојот сопруг. Прво не веруваше, а потоа почна да се радува како никогаш во животот – рече Џесика.

Трите новородени бебиња се викаат Ела, Џорџ и Оливија.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1