ММС

Објавено на: 08/5/21 9:34 AM

И јас ги капам моите деца кога ќе почнат да смрдат – Актерката Кристен се потсмева на методите на холивудскиот пар

Актерската двојка гостуваше во подкастот на сопругот на Кристен, Дакс, споделувајќи дека ги капе своите деца само кога ќе се извалкаат. Кристен и Дакс се шегуваа на нивна сметка, но на крајот признаа дека ги капеле своите ќерки секоја вечер.

Актерката Кристен Бел (41) и нејзиниот сопруг Дакс Шепард (46) се родители на ќерките Линколн (8) и Делта (6). Во последната епизода од шоуто „The View“, тие ги коментираа методите на Ештон Качер (43) и Мила Кунис (37).

Мила и Ештон неодамна во подкастот на Дакс рекоа дека не ги капеле своите деца додека не биле видно валкани.

– Јас сум голем фан на чекање смрдеа. Откако ќе го почувствувате, тоа е биолошки знак дека е време за чистење, рече Бел низ смеа, додавајќи дека не го мрази „методот“ на Ештон и Мила.

Кристен беше саркастична, а нејзиниот сопруг објасни дека ги капеле своите ќерки секоја вечер кога биле бебиња.

– Тоа беше дел од нивната рутина пред спиење. Меѓутоа, тие одеднаш почнаа сами да си легнуваат без нивната рутина и се прашувавме ‘Еј, кога последен пат ги искапивме?, рекол Дакс.

Извор: 24сата.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1