ММС

Објавено на: 08/4/21 7:44 PM

Чолаковски: Гордост е да се игра за земјата на моите родители, земјата што ја носам во срцето

Младиот фудбалер на австралискиот првак Мелбурн, Стефан Чолаковски, ја прифати поканата на Фудбалската Федерација на Македонија за настап на македонската фудбалска селекција до 21 година.

Дваесет и едногодишниот играч од навалната линија ќе му се придружи на селекторот Драган Канатларовски во септемвриските квалификации за Европско првенство.

За Чолаковски, гордост и задоволство претставува тоа што ќе игра за фудбалската репрезентација на Македонија, земјата на неговите родители.

-Гордост и задоволство претствува тоа што ќе заиграм за Македонија и тоа не се празни зборови, бидејќи навистина сум возбуден што ќе играм за земјата каде што се родени моите родители. Но исто така и за земјата што ја носам во срцето, без разлика на тоа што сум роден во Австралија, изјави Чолаковски, а пренесува „Football Macedonia“ на „Твитер“.

Чолаковски во шампионската сезона на Мелбурн Сити забележа три погодоци.

 

 

Фото:

Twitter / @MacedonianFoot_


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1