ММС

Објавено на: 08/4/21 6:49 PM

Во гостиварско приведен албански државјанин за подметнување пожар

Полициски службеници од Полициското одделение Галате, денес го лишиле од слобода лицето Л.А. (32) од Албанија, коe илегално претстојувалo во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварското село Пожаране, информираат од МВР. Л.А. ќе биде задржан за понатамошна постапка.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат за строго почитување на забраната за движење во шумските предели и максимално воздржување од палење огнови, отпадови, меѓи и стрништа на ниви, како и да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не се оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце можат да предизвикаат пожар.

Тие потсетуваат дека предизвикувањето на пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1