ММС

Објавено на: 08/4/21 3:38 PM

Се намалува интересот за вакцинација во тетовско

Се намалува интересот за вакцинација во тетовско, велат надлежните. Оттаму апелираат граѓаните масовно да се имунизираат во спортската сала на медицинското училиште во Тетово, каде се инјектираат вакцини со и без закажан термин.

Дека интересот за вакцинација е намален говори и бројот на заинтересирани на дневна основа. Ако пред еден месец имавме до 1000 луѓе кои се вакцинираа во спортската сала на медицинското училиште во Тетово, деновиве интересот е намален двојно.

Тој најави дека наскоро ќе започне вториот круг на теренската вакцинација по тетовските села, односно ревакцинирањето.

– Со оглед на тоа што Тетово е поголем град, мислам не е доволна бројката на вакцинирани луѓе во ист термин во моментов, рече Борислав Јоргаќиески, директор на Здравствен дом – Тетово.

Инаку имунизацијата моментално се одвива со и без закажан термин во спортската сала на медицинското училиште во Тетово, објект кој е и регионален центар за имунизација.

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1