ММС

Објавено на: 08/4/21 2:17 PM

Гори и на Плетвар – Ново огнено жариште во Македонија

Веќе неколку дена активни се пожари на повеќе локации во земјава. Гори во близина на Очната болница во скопската општина Ѓорче Петров, во близина на Делчево, а од денеска и во пехчевско.

Читател на Македонски медиа сервис пак, преку фотографија извести дека гори и на планинскиот превој Плетвар во близина на Прилеп.

Од локалната територијална противпожарна едицина не одговорија на нашите повици со цел поконкретни информации околу оваа нова огнена стихија и евентуалното нејзиното гаснење. Чадот од пожарот се забележува од магистралниот пат во близина.

Состојбата со пожарите кои деновиве беснеат низ Македонија  ескалираше со пожарот во Кочани, но сега тој е локализиран.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1