ММС

Објавено на: 08/4/21 1:59 PM

Бројките растат: Тројца починати, нови 164 случаи со Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи со Ковид-19: Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.

Пријавени се три починати лица : две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г), починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројот на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а на активни случаи изнесува 770.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1