ММС

Објавено на: 08/4/21 12:21 PM

Пронајдена нива насадена со канабис во Теарце – сопствeникот тврди долго не била обработувана

На 3-ти овој месец по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Тетово на местото викано „Лапуф“, на подрачјето на Полициското одделение Теарце, во нива, пронашле и одзеле околу 100 стебла од растението канабис сатива, информираат од МВР.

Според сопственикот на нивата С.У.(67) од тетовско Теарце, таа повеќе години не била обработувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1