ММС

Објавено на: 08/4/21 11:26 AM

(Видео) Салата од пченка готова за пет минути

Салатите се дел од секоја трпеза, не може да се замисли ручек без салата.

Денеска наш предлог е салата од пченка со дадоток на мајонез и павлака.

Кремаста, вкусна и освежителна салата.

Состојки:

500 грама пченка
200 грама павлака
100 грама мајонез
лажица сол
половина лимон
1 главица кромид.

Подготовка:

Варете ја пченката, процедете ја и исплакнете со ладна вода. Измешајте ја кисела павлака заедно со мајонезот, сецканиот кромид, зачин, и исцедете го лимонот.

Додадете ја пченката, промешајте и салатата е готова.

Добар апетит!


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1