ММС

Објавено на: 08/4/21 10:52 AM

(ВИДЕО) Се вакцинираше „пештерски човек“ од Пирот: Живее надвор од цивилизација, но и верува на медицината

Сакав да се вакцинирам бидејќи, ако дојде короната во градот, ќе дојде и во селото каде што живеам, па решив да се вакцинирам. Апелирам до сите да се вакцинираат бидејќи болеста не избира. Подобро е да се вакцинираме бидејќи и онака останавме малку во селото – вели Петровиќ.

Пироќанецот Панта Петровиќ, познат по тоа што живее во пештера 15 години, се вакцинираше и ги повика сите да се вакцинираат во што поголем број.

-Ја примив првата доза од вакцината, очекувам повик за втората доза. Не размислував многу, сите мои пријатели и другари беа вакцинирани и апелирам до сите да се вакцинираат, бидејќи ние, особено луѓето од селото, сме загрозени. Короната лесно може да дојде од градот до селото, шумата, каде и да има луѓе, рече Петровиќ.

За да се пресели во пештера во живописниот кањон на реката Градашничка, Панта одлучил за како што вели, да има целосна слобода и никогаш не се покајал за својата одлука.

Познат е како одличен мајстор, направил три мостови што им ги подари на Пироќани, а направил и еден вид гондола – која ја нарекува „Пантино гнездо“, каде што, како што вели, со задоволство ужива, понекогаш дури и дремнува.

Изгради три мостови и гондола на своја сметка

-На моја сметка, изградив три моста, еден во градот, еден тука во кањонот на реката Градашничка и еден во близина на водопадот кон Књажевац. Најголемиот мост што го изградив беше долг 20 метри и тежеше пет тони. Сите три моста им ги дадов на користење на моите сограѓани. Направив и гондола – „Пантино гњездо“ каде што сакам да уживам во возењето, црцорењето на птиците, шумата на реката. Гондолата е на висина од околу 40 метри, рекол Петровиќ.

Иако живее во пештера, Панта, како што рекол, е омилен кај жените, а тој самиот не знае колку деца има.

-Бог рече да се множиме и Паки го стори тоа. Се вели дека јас ги бркам жените, меѓутоа, тие ме бркаат мене, и треба да ги прашате зошто е тоа така. Не знам колку деца имам, ги имам во странство и овде, рекол Петровиќ.

Тој, исто така, нема проблем со фактот дека над пештерата поминува волчја патека по која поминувваат волци и одат понатаму кон Стара планина.

– Волци минуваат ноќе, и кога ги слушам како се огласуваат, ги поздравувам на свој начин и им давам до знаење дека тука има луѓе. После тоа, тие само го продолжуваат патот кон планината – рекол Петровиќ.

Извор: Србијаданас.ком


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1