ММС

Објавено на: 08/4/21 10:30 AM

Освежувачко и здраво: Сок од нане

Во топли и жешки денови, најдобро е да пиете вода. Добри се и разладени билни чаеви и пијалаци од природни сокови и сирупи. Можете лесно да направите сируп на нане на кој се пие разреден и разладен, а таков ефект речиси ќе остави и на вашиот организам.

Рецепт на сок од нане

Нането е многу здраво, и вкусот ќе го обожавате. Рецепти на сок од нане има многу, а еден е многу лесен за подготовка.

Неопходно е:

На 10 гранчиња нане ставете литар вода и килограм шеќер, половина лимон и околу 10 грама лимонска киселина (две лажички).

Ако сакате повеќе сок, само двојно ги зголемувате овие количини.

Подготовка:

  1. Потопете ги гранчињата нане во вода со лимонска киселина и парчиња исечени лимони со кора.
  2. Измешајте добро и оставете да отстои на ладно и темно место 24 часа.
  3. Вториот ден течноста исцедете ја, па додадете шеќер и добро измешајте. Оставете да стои уште 24 часа со повремено мешање.
  4. По 48 часа, сирупот е подготвен за прецедување и складирање во стаклени шишиња. Помалите количини најдобро е да се чуваат во фрижидер и секако на ладно и темно место.

Извор: Магазин.новости.рс

Фото: Deposit


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1