ММС

Објавено на: 08/4/21 8:22 AM

Вчера се вакцинирале 12.939 граѓани

Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се вкупно 12.939 граѓани, а прва доза вакцина примиле 3.909 граѓани така што вкупниот број на вацинирани лица во земјава заклучно со вчера изнесува 519.106 лица. За ова денеска информираа од Министерството за здравство од каде додаваат дека  во земјава вкупно се аплицирани 920.442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани.

– Со последните бројки, 64 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 57 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина – информираат од ресорното Министерство.

Оттаму истакнуваат дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, а непречено се одвива и процесот на теренска вакцинација со ротации на медицинските екипи во руралните населени места. За закажување за вакцинирање на деца отворен е сајтот vakcinacija.mk.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1