ММС

Објавено на: 08/4/21 8:23 AM

Пламените јзици беснеат се уште во Турција – Уште 11 активни пожари

Во Турција се изгаснати 152 пожари, а напорите за гаснење на уште 11 продолжуваат, рече министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли.

Пакдемирли рече дека 16 авиони, девет беспилотни летала, 51 хеликоптер, еден дрон, 155 парчиња градежна опрема и 5.200 луѓе се борат со пожарите,пренесува Анадолија.

Тој изрази поддршка за оштетените велејќи дека се погодени 2.219 земјоделци во пет провинции, 18 места и 78 села.

Според него, во Мармарис е забележана рекордна температура на воздухот од 45,5 степени Целзиусови.

– Претходниот рекорд беше 45,2 степени, во јули 1988 година, додаде министерот.

Тој додаде дека екипите испратени да го изгаснат пожарот во областа Манавгат во Анталија, добро напредуваат.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу на заедничката прес -конференција во областа Мармарис на југот на земјата, рече дека поради пожарот се евакуирани 16.603 жители од 3.219 домаќинства во 28 населени места.

 

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1