ММС

Објавено на: 08/4/21 8:16 AM

Земјотрес од јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди Јапонија

Американскиот институт за геологија (USGS) денеска објави дека е регистриран земјотрес со јачина од 5,8 степени на источниот брег на Јапонија, како и бројни помали земјотреси во Тихиот Океан, во близина на јапонскиот брег.

Регистрираниот земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала беше со епицентар на длабочина од 10 километри, на растојание од околу 127 километри во правец исток-североисток од јапонскиот град Хасака, кој се наоѓа на околу 103 километри источно од Токио , Пренесува Ен -Би –Си

USGS известува дека други, помали земјотреси од 4,1 до 5,1 степени се случиле во истата област кај брегот на Јапонија.

Додека известуваше за Олимписките игри во Токио, водителот на Ен -Би -Си, Лестер Холт, на својот Твитер профил објави дека чувствува „благ“ шок.

Според првичните сеизмички податоци, овој земјотрес не предизвикал значителна штета, стои на веб -страницата Дискавери Вулкено.

Преземено од: http://www.rtv.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1