ММС

Објавено на: 08/4/21 7:41 AM

Бившата на Бил Гејтс не се откажува од презимето, а познато е и колку милијарди долари ќе добие од разводот

Поранешниот пар, кој заедно има три возрасни деца, објави дека ќе се разведе во мај по 27 години брак, велејќи дека повеќе не може да „расте заедно“.

Според TMZ, судијата во понеделникот ја завршил нивната бракоразводна парница, што се покажува од судските записи до кои дошле локалните медиуми. Мелинда нема да го смени презимето, но, покрај тоа, во документите стои дека ниту таа, ниту Бил нема да примаат алиментација од поранешниот сопруг.

Нето богатството на Бил се проценува на повеќе од 130 милијарди долари, и бидејќи тие не потпишаа предбрачен договор, Мелинда може да заврши со повеќе од 65 милијарди долари во бракоразводна парница.

Оваа вест ја објавија речиси сите светски медиуми.

Мелинда Френч Гејтс, наводно побарала адвокати за развод во 2019 година, откако беше откриено дека Бил има врска со сега починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштејн, пишува „The ​​Wall Street Journal“.

Извор: Пулсонлајн.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1