ММС

Објавено на: 08/4/21 7:21 AM

Пеколни температури и денес – За неколку дена следи освежување и мал пад на температурите

Денеска не очекува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ индексот ќе биде 9. Во Скопје слично време со температури од 20 до 39 степени Целзиусови, известуваат од УХМР.

Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде што температурата ќе се искачи до 42 степен.

Утре повторно не очекува сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите низ целата држава ќе бидат високи и над 40-от степен. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 9.

Како што информира УХМР, во следните три дена, особено во петок следи променливо облачно и посвежо, попладне со умерен до засилен северозападен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8. За време на викендот повторно сончево и многу топло со умерен ветер.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1