ММС

Објавено на: 08/3/21 10:58 PM

Џиновски пожар се приближил до Атина, жителите во паника ги напуштаат домовите

Пожарникарите во Грција не можеа да го спречат џиновскиот пожар што се приближи до северните предградија на Атина, а огнот ги зафати населбите Варибоби и Ахарнес, оставајќи илјадници жители во бегство.
„Напуштете ги своите домови веднаш“, ги повика градоначалникот на Ахарнес, Спирос Вретос, жителите преку државната телевизија.
Жителите добиле предупредувања и СМС пораки од цивилната одбрана.

Температурата во Грвија денес достигната 47.1 степен.


Фото: Твитер


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1