ММС

Објавено на: 08/3/21 10:24 PM

Полицаец го загуби животот во нападот со нож близу Пентагон, осомничениот напаѓач е убиен

Eден полицаец почина откако денес беше избоден со нож во текот на нападот во близина на Пентагон, а осомничениот за овој насилен акт е убиен од страна на полицијата, пренесуваат официјалните службеници.

Седиштето на американската војска, Пентагон, привремено беше блокирано поради испалените куршуми во близина на влезот на зградата, додека пак полицаецот на Пентагон кој бил избоден, подлегнал на повредите, рекоа официјалните лицa кои сакаа да останат анонимни, затоа што не се овластени да даваат изјави во интерес на истрагата, пренесува „AP“.

Повеќе детали за нападот се очекуваат на прес-конференцијата за новинари во Пентагон. Врската помеѓу пукањето и нападот со нож на полицаецот засега не е разјаснета, а властите не сакаа да изнесуваат детали за овој настан.

 

Извор:

ba.n1info.com

Фото:

Twitter

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1