ММС

Објавено на: 08/3/21 1:41 PM

37 нови случаи на Ковид 19, нема починати, вкупно 627 активни случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1. Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Тетово – 10, Скопје – 4, Куманово – 3, Кичево – 2, Гостивар, Штип, Струмица и Кочани – по 1. Не се пријавени починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 989.214 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 156.543 бројот на оздравени пациенти е 150.422, на починати е 5.494, а на активни случаи изнесува 627.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1