ММС

Објавено на: 08/3/21 1:25 PM

Расте нееднаквоста во Европа: Дури 30% од граѓаните на ЕУ не можат да си дозволат летување

Короната дополнително ги нагласи разликите меѓу населението, и социјално и економско, на глобално и европско ниво.

Имено, зголемувањето на таа нееднаквост „покажува дека придобивките од економскиот раст во Европа, во изминатата деценија, не е рамномерно распределем“. Дури 28% од Европејците не можат да си дозволат 7 слободни денови, надвор од местото каде што живеат.

Тој број се искачува на дури 60 проценти во групата работници кои живеат под прагот на сиромаштија, во која Хрватска се наоѓа на високото трето место – дали зборуваме за ЕУ. Романија е на второ место, а Грција на неславното, прво место.

Податоците се дел од истражувањето на Европската конфедерација на синдикати (CES) и понатаму се наведува дека работниците, чии приходи се под прагот на сиромаштија, т.е. помалку од 60 проценти од просечната заработка поминуваат низ најлошото во Грција, каде 88,9 проценти не можат да одат на одмор.

Потоа следуваат Романија со 86,8 проценти и Хрватска со 84,7 проценти, потоа Кипар (79,2%), Словачка (76,1%). Кога станува збор за одоморите, нееднаквостите меѓу најсиромашните работници и другите – се зголемија во последните 10 години, во 16 земји -членки, според организацијата, која се повикува на информации на Еуростат.

Најголемите разлики во можноста за годишен одмор се забележани во Хрватска, Грција, Бугарија, Чешка, Франција и Романија. Во моментов, во 17 земји на ЕУ, минималната плата – 60% пониска од националната просечна – е загарантирана со закон.

Преземено од: https://biznis.telegraf.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1