ММС

Објавено на: 08/3/21 1:07 PM

Испораката на електрична енергија во Кочани во најголем дел стабилна, етапно ќе се нормализира во Ранковце и Кратово, велат од РКЕ

Испораката на електрична енергија во регионот на Кочани, каде имаше привремено исклучување и прекин во снабдувањето поради пожарите, во најголем дел е стабилна, а во одредени делови од општина Ранковце и општина Кратово напојувањето етапно ќе се нормализира, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Од РКЕ посочуваат дека складот на Макпетрол не е зафатен од огнената стихија и нема нарушување на пазарот со нафтените деривати.

-Од добиените информации во однос на напојувањето со електричната енергија во Кочани можам да соопштам дека во најголем дел испораката е стабилизирана, а се врши етапно приклучување во делови од општините Ранковце и Кратово, екипите на Електродистрибуција се на терен. Складовите со нафтените деривати, каде се и дел од државните резерви, пак, не се зафатени од пожарот, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1