ММС

Објавено на: 08/3/21 8:02 AM

Турција се’ уште гори – Пожарот во Манавгат ги зафати и новинарите

Местото Манавгат во областа Анталија е едно од подрачјата најтешко погодени од пожарите што беснеат во тој дел од Турција. Пожарот ја зафати и патната комуникација, предизвикувајќи паника кај службата за гасење, граѓаните, како и кај претставниците на медиумите што се наоѓаат на терен, известува Агенција Анадолија (АА).

Во Манавгат, каде што веќе четири дена трае борбата со огнената стихија, денес продолжи гаснењето на пожарите од копно, со поддршка од воздух. Сепак, силниот ветар на тоа подрачје дава придонес во ширењето на пожарот и значително го отежнува неговото гаснење.

Оганот во еден момент неочекувано ја зафати и патната комуникација, предизвикувајќи паника кај службата за гасење, граѓаните и новинарите.

Пожарот на тој дел е изгаснат од воздух, а на направените фотографии јасно може да се види колку висок пламен го зафати подрачјето.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1