ММС

Објавено на: 08/3/21 7:49 AM

Како пожарите да не се доволни – За 12 часа Турција ја погодија 131 земјотрес, два над четири степени

Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД) објави информации во врска со земјотресите почувствувани во Егејското Море во близина на местото Датча.

Во последните 12 часа почувствувани се 131 земјотрес во Егејското Море во близина на местото Датча, во турската област Мугла, известува Агенција Анадолија (АА).

Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД) објави информации во врска со земјотресите почувствувани во Егејското Море во близина на местото Датча.

Во соопштението се наведува: „Во Егејското Море, во близина на местото Датча, во турската област Мугла, почувствувани се 131 земјотрес во последните 12 часа. Земјотресните активности во нашата земја и нејзината блиска околина се следени 7/24 од страна на нашето претседателство.“

Фото: move2turkey.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1