ММС

Објавено на: 08/3/21 6:59 AM

Ќе се „печеме“ до четврток, темературата ќе падне само два степени

Температурата ќе падне само за два сетепени, до четврток останува натпросечно топло, иформираат од УХМР.
Денес максималната температура ќе достигне до 42 степена, а УВ индексот ќе изнесува 9.
Од УХМР велат дека четврток ќе биде активирано и портокалово ниво на опасност од високи температури. Дури во четврток попладне и петок се очекува дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и ветер. Во петок температурата дополнително ќе се намали.
Од Министерство за здравство и понатаму остануваат препоракети за внимателно движење, односно да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот. Остануваат и препораките за внимавање во исхраната и пиење течности.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1