ММС

Објавено на: 08/2/21 4:37 PM

Се разгорува епидемијата во Кина, Пекинг затворен за туристи

Нова епидемија на коронавиус се шири низ повеќе локации во Кина предизвикувајќи загриженост во локалните медиуми поради изложеноста на високозаразниот делта сој на вирусот. Во рок од 10 дена откриени се повеќе од 300 случаи со овој сој во Кина.

Насловите во локалните медиуми доминираат со вести за епидемијата, а државниот специјалист за респираторни болести наводно изразил сериозна загриженост. Владата во Пекинг воведе и нови ограничувања за патувања и тестира милиони луѓе.

Сепак не е јасно колкав дел од кинеското население е потполно вакцинирано, иако тамошните власти тврдат дека досега се аплицирани повеќе од 1,6 милијарди дози.

Вкупно 15 провинции и општини досега имаат потврдено нови случаи на коронавирус кои се претежно поврзани со епидемијата која почна во Нанџинг, во исочната кинеска провинција Џенгсу.

Кинеските власти ширењето на делта сојот го поврзуваат и со домашната туристичка сезона.

Иако бројот на новозаразени е значително понизок отколку во остатокот во светот, ова се смета за најголема епидемија во послените неколку месеци во Кина, земјата која минатата година беше успешна во контролирањето на вирусот во рамки на своите граници. Новите случаи најпрво се појавиле во јули на аеродромот во Нанџинг, меѓу работници кои чистеле авион кој пристигнал од Русија.

Властите веднаш тестирале 9,2 милиони луѓе во Нанџинг и вовеле карантин на стотици илјади. Викендот вниманието се пренасочило кон познатата туристичка дестинација во централната провинција Хунан, каде се појавиле многу нови случаи. Сите атракции во градот се затворени, а од туристите се бара да направат ковид тест пред да го напуштат градот.

Новата епидемија стигна и до Пекинг, а градот пријавил неколку локално преносливи инфекции. Сите воздушни, автобуски и патнички врски на Пекинг со подрачјата каде има позитивни случаи се прекинати, а на туристите им е забранет влез во главниот град. Официјално се дозволува влез само за „есенцијални патници“ со негативен тест на коронавирус.

Освен до Пекинг, вирусот стигна и до Вухан, градот од кој започна епидемијата со коронавирус.

 

извор:политика


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1