ММС

Објавено на: 08/1/21 4:55 PM

„Црната вдовица“ го тужи Дизни, поради стриминг на филмот и загуба од 50 милиони долари

Убавата актерка и акциона хероина Скарлет Јохансон ја тужи компанијата „Волт Дизни“ бидејќи компанјата ја  оштетила Јохансон 50 милиони долари!  – Скарлет ја поднесе тужбата поради филмот „Црна вдовица“, нејзиниот единствен „соло“ филм во универзумот „Марвел“.

Таа поднела тужба до Врховниот суд во Лос Анџелес и изјавила дека „Дизни“ го прекршила договорот кога го објавила филмот на својата стриминг услуга „Дизни +“ во исто време кога се емитувал во кината.

Како одговор, „Дизни“ нагласува дека „целосно го испочитувал договор со неа и дека нејзината тужба нема никаква основа“.

„Тужбата е особено тажна и вознемирувачка поради бескрупулозното игнорирање на ужасните и долготрајни глобални ефекти на пандемијата на Ковид-19“, се вели во соопштението на компанијата.

„Дизни целосно го испочитува договорот на Јохансон. Покрај 20 милиони долари што Јохансон ги има добиено до денес, емитувањето на ‘Црна вдовица’ на „Дизни плус“ значително ја зголеми можноста да добие дополнителен надомест“, стои во одговорот на компанијата.

Јохансон наведува дека во договорот јасно било наведено дека филмот ќе се прикажува исклучиво во кината, и дека висината на нејзиниот хонорар директно зависи од продажбата на билети за кино.

Преземено од: https://www.republika.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1