ММС

Објавено на: 08/1/21 10:30 AM

59% од вработените во градинките веќе се вакцинирани, изјави Шахпаска

„Работата во градинките не престанала иако се наоѓаме среде годишни одмори ги почитуваме доследно насоки и препораките кои ги даваат здравствените власти“, изјави денеска министерската за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, при денешната посета на на доделувањето дозвола за вршење дејност од социјална заштита за давање на социјалната услуга помош и нега на Општинската јавна установа за социјална заштита (ОЈУСЗ) „Д-р Иван Влашки” во Берово.

„Во изминатиот период вработените во градинките, воспитувачики, негувателки и технички персонал сериозно пристапија кон процесот на вакцинирање, можам да кажам дека 59% од вработените во градинките веќе се вакцинирани. Тоа говорни за нивната општествена одговорност и грижата за најмладите кои прстојуваат во градинките. За тоа како ќе стартува новата учебна година можам да кажам дека  е повеќе прашање за образование, јас верувам дека со постојани дописи на Министертсвото за труд и социјална политика ги повикуваме и останатите 40 – на проценти од вработените да се довакцинираат за да може да биде безбеден престојот на децата во градинките“, изјави Шахпаска.

Таа истакна дека веќе има измена на групите, на веќе побараниот допис до Комисијата за заразни болести да се зголеми бројот во јаслените групи, меѓутоа во другите групи од 2 до 6 години протоколот е проширен на 20 деца, вели Шахпаска. Таа вели  ако епидемиолошката состојба дозволува ќе бидат пуштени сите групи регуларно како што беше пред пандемијата.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1