ММС

Објавено на: 08/1/21 9:51 AM

(ВИДЕО) Откорнати дрвја, паднат семафор, уништени кровови вака изгледаат делови од Србија по невремето

Невреме придружено со силен ветер и дожд вчера попладне се појави во некои делови од Србија информираат медиумите. Невремето зад себе остави паднати дрвја, силните ветрови ги турнаа и семафор, а летаа и делови од покриви.

Како што пренесуваат српските медиуми критично било во Ваљево, каде што жителите останале без електрична енергија поради силното невреме. Силен ветер бутнал и дрвјата. Сообраќајот бил прекинат на некои патишта поради гранките и остатокот од дрвјата на патот.

Пријавени биле и неколку помали пожари поради лошите временски услови.

Невреме придружено со силен дожд и грмотевици го погодил и Чачак. Слична слика и таму откорнати и паднати дрвја од силината на ветрот во градот биле однесени и дел од покривите на куќите.

Поради невремето дошло до дефект на електричната мрежа и дел од градот останал без електрична енергија.

Силен дожд проследен со силен ветер го зафати и селото Кијево кај Баточина, а дувал во околината на Велика Плана.

Врнело и во Крушевац, а жителите забележале необична глетка на небото покриено со громови.

Силниот ветер  предивикал штети и во Врање, паднати и откорнати дрвја, каде од силината на ветерот на улица соборен бил и семафор.

Околината на Лајковац исто така била погодена од силно невреме, а една прослава на полнолетство на отворено била прекината поради невремето, бидејќи ветрот носел се пред него, а некои од гостите се здобиле со полесни телесни повреди.

Преземено од: https://www.kurir.rs/
Фотографија: RINA


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1