ММС

Објавено на: 08/1/21 9:12 AM

Гужва на граничен премин Табановце за влез и излез се чека околу 40 минути

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на ГП Табановце (влез и излез) е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај секој ден на делницата од Баба до Царина – (преспанска страна) од 08:00 до 17:00 часот, поради изведување градежни работи на пат – (реконструкција на коловозната конструкција). После 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација. Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообраќај во двете насоки.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1