ММС

Објавено на: 07/31/21 10:30 PM

(Видео) Од сауната се запали хотел во Неум, гостите евакуирани

Пожар избувна во најголемиот хотел во Неум, „Гранд Хотел Неум“, попладнево, дознава порталот „Аваз“.

Како што потврдија од професионалната противпожарна бригада Неум, пожарот избувнал така што се запалила сауната во велнес центарот на овој хотел.
Сите гости биле евакуирани поради пожарот бидејќи чадот се проширил низ целиот хотел и за среќа нема повредени.


Фото: Принтскрин


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1