ММС

Објавено на: 07/31/21 10:21 PM

(Видео) Уапсен подметнувач на пожарите во Турција, жителите сакаа да го линчуваат

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека уапсениот е осомничен за палење шуми на југозапад од земјата. Тој не го откри името или мотивите на осомничениот, но рече дека се сомнева дека лицето е поврзано со пожарот кај градот Милас во провинцијата Мугла. Наводниот пироман бил приведен во Манавгат, Турција.
Полицијата мораше да го обезбеди приведениот на кого локалните жители му се закануваа со линч.

– Темелно ги истражуваме причините за пожарот.

„Ако има такви предавници кои можат да ја запалат својата татковина, ќе се соочат со строга казна“, рече Ердоган.

Фото: Foto: Printscren/Tviter/@serious_war_eng


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1