ММС

Објавено на: 07/31/21 6:48 PM

Крадци „оперираат“ за продолжениот викенд – Приведени неколку лица

Единица за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Чаир расчисти „тешка кражба“ и ќе поднесе кривична пријава против А.М.(25) од Скопје за извршено кривично дело по чл.236 „Тешка кражба“ и против Б.Р. (25) од Скопје за извршени кривични дела „Тешка кражба“ по чл.236 и „Напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“ по чл.383 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

На 29.07.2021 околу 01.45 часот, полициски службеници од Полициска станица Чаир ги затекнале двете лица непосредно по извршување на кривичното дело „тешка кражба“ во менувачница во трговски центар на подрачјето на Чаир и при обидот да бидат фатени, Б.Р. физички нападнал полициски службеник.

По преземени мерки и активности на вчера А.М. и Б.Р. биле приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив, тие во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела.

Вчера по претходно добиени оперативни сознанија, во ОВР Кочани се повикани малолетник од Кавадарци со претставник од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Кочани и малолетник од Кочани со неговиот родител, поради постоење основи на сомнение дека малолетниците извршиле кривични дела од областа на имотните деликти, известуваат од МВР.

Покрај обезбедените докази дека двајцата во периодот од 22 до 29.07.2021 сториле 10 кривични дела на подрачјето на ОВР Кочани, и тоа: 7 „тешка кражба на дрзок начин“, по чл. 236 ст. 1, 1 „тешка кражба во обид“, по чл. 236 ст.1, в.в чл. 19 и 2 кривични дела „кражба“ по чл. 235 ст.1 од Кривичниот законик, при извршените службени разговори, тие и ги појасниле делата. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1