ММС

Објавено на: 07/31/21 3:48 PM

Измама во Свети Николе – му зел пари за огревно дрво и никогаш не му ги донел

На 29-ти овој месец во 12.00 часот во Полициската станица Свети Николе, 67-годишен жител на Свети Николе пријавил дека бил измамен од едно лице, информираат од МВР.

Лицето му понудило огревно дрво за одредена сума пари, а откако му ги дал парите, заминало без да ги донесе дрвата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1