ММС

Објавено на: 07/30/21 9:03 PM

Секоја жена која сака да биде мајка треба да биде упорна – Градоначалникот Илијев ги посети 52-годишната родилка и нејзиното новороденче во Скопје

Денеска градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев 52-годишната Лилјана од Кочани и нејзиното новороденче, кое се роди пред неколку дена во болницата „Мајка Тереза“ во Скопје.

– Ви честитам за храброста и упорноста и сакам да истакнам дека овој случај предизвикува општа радост. Затоа сакаме да испратиме силна порака дека упорноста носи успех и дека секоја жена која сака да биде мајка треба да биде упорна и резултатите ќе дојдат. Исто така ова е потврда дека медицината забрзано оди напред и со голема желба и со поддршка на нашите стручњаци, резултатите ќе дојдат – рече Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Заблагодарувајќи се за вниманието и поддршката, Лилјана истакна дека таа и бебето се чувствуваат добро и повика ниедна жена во поодминати години која сака да биде мајка не треба да се откажува, туку само да има добра мисла и да не отстапува од зацртаната цел. Лилјана се заблагодари на професионалниот ангажман и пред сѐ на човечкиот приод на целиот тим од болницата „Мајка Тереза“ во Скопје.

Градоначалникот Илијев ја искористи можноста да се сретне со директорот на Специјалната болница за гинекологија и акушерство, д-р Башким Исмаили и да се заблагодари за грижата и негата кон родилката од Кочани.

Внеси
Krsteva
има и слики на

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1