ММС

Објавено на: 07/30/21 8:28 PM

Тешко повреден пешак во Кичево откако во него удри ауди

Вчера во полициска станица Кичево било пријавено дека на улицата „Рудничка“ во Кичево, патничко моторно возило марка „ауди а 3“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(45) од Битола, удрило во пешакот А.Џ.(22) од село Пласница, Македонски Брод.

Стефан Симоски од СВР Охрид информира дека во сообраќајната незгода пласничанецот се здобил со тешки телесни повреди што биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

-На местото на незгодата увид извишила полициска екипа од ОВР Кичево. Причините за сообраќајната незгода допрва ќе се утврдуваат, додаде Симоски.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1