ММС

Објавено на: 07/30/21 6:09 PM

Почнаа гужвите на граничните премини – Се чека на Табановце и Богородица

На граничните премини Табановце и Богородица попладнево за излез од земјава се чека по еден час, а на ГП Ќафасан околу 15 минути, информра АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1