ММС

Објавено на: 07/30/21 3:40 PM

Роднини натепале жена од Сингелиќ, а таа завршила во болница

Вчера околу 14.15 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено женско лице, информираат од МВР.

По излегување на местото полициски службеници констатирале дека повреденото лице е Р.Х.(39) од нас.Сингелиќ. Во 18.00 часот во Полициската станица Гази Баба Р.Х. пријавила дека околу 12.45 часот, поради нерасчистени имотно-правни односи, таа била физички нападната од Б.И. и Ф.Љ., кои биле во роднинска врска со нејзиниот сопруг.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1