ММС

Објавено на: 07/30/21 1:57 PM

Кавадарчанец пронајден мртов

Четериесет и четири годишен кавадарчанец е пронајден мртов, без траги на насилство во објект на булевар „Македонија“ во Кавадарци, потврдија од полицијата.

„На 29.07.2021 во 13.50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во објект на бул.„Македонија“ бил пронајден починат Г.Т.(44) од Кавадарци. Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци.“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Ангел Данов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1