ММС

Објавено на: 07/30/21 12:33 PM

Семејно насилство во Штип: Во еден ден пријавени двајца мажи кои ги натепале сопругите

Во Штип за само еден ден  биле пријавени две насилства врз жени. Ова не е прв пат мажи од Штип да посегнуваат по своите сопруги, туку, според информациите на полицијата речиси секој ден има  пријава за семејно насилство.

-На 29.07.2021 во 14.00 часот во СВР Штип, 21 годишно женско лице пријавило дека околу 04.30 часот во семејниот дом во Штип била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг М.А.. По комплетирање на случајот против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Штип.

Во истот ден, исто така во Штип уште еден маж ја нападнал сопругата.

-На 29.07.2021, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Г.(61) од Штип бидејќи во 12.42 часот во семејниот дом во Штип физички ја нападнал неговата 58 – годишна сопруга. По комплетирање на случајот против Б.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1