ММС

Објавено на: 07/30/21 10:43 AM

(Видео) Не допирај! Ја погалија фоката и добија казна од 500 долари – Строги правила на Хаваи

Американка која била на меден месев на Хаваи, казнета е со 500долари  поради допирање на хавајска фока која спаѓа во загрозени видови.

Таа самата си објавила снимка на ТикТок со фоката.

Националната управа за океани и атмосфера (НОАА) спроведе истрага минатиот месец и утврди дека жената го прекршила Законот за загрозени видови, изјави Доминик Ендрус, портпарол на агенцијата за спроведување на законот.

Жената и нејзиниот партнер, кои ја допираа фоката и се сликаа со неа на плажа, се извинија во изјава за весникот за  Хонолулу и кажаа дека ги сакаат Хаваите и не сакаат да навредат никого.

Законот строго забранува повреда, убивање или малтретирање на овие животни, а максималните казни се предвидени до пет години затвор и парични казни до 50 000 американски долари.

 

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1