ММС

Објавено на: 07/30/21 8:42 AM

Израел на граѓаните постари од 60 години ќе им понуди трета доза вакцина

Израел на своите граѓани постари од 60 години ќе им понуди трета доза вакцина против коронавирусот – најави премиерот, Нафтали Бенет. Оние кои ја добиле втората доза пред најмалку пет месеци од недела ќе имаат право на нова доза од вакцината на Фајзер/Бионтек. Претседателот, Исак Херцог кој во септември ќе наполни 61 година, прв ќе добие трета доза.

„Истражувањата покажуваат дека со текот на времето опаѓа нивото на антитела. Целта на дополнителната доза е да се зајакне имунитет, со што ќе се намалат шансите за инфекција и сериозна клиничка слика“, истакна Бенет.

Премиерот додаде дека 2 илјади луѓе со ослабен имунолошки систем веќе ја примиле третата доза и тоа без некои посериозни несакани ефекти. Експертите велат дека се’ уште не е јасно дали третата доза ќе го намали бројот на случаи на зараза со вирусот. Минатиот месец израелските власти повторно воведоа задолжително носење маски во затворени простори, по порастот на бројот на заразени.

Израел беше една од најуспешните земји во светот во борбата против актуелната пандемија. Земјата спроведе најбрза програма за вакцинација, со што повеќе од половина од населението веќе е делумно или целосно вакциниранo.

 

Извор:  index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1